502
Легендарниот бразилски фудбалер Пеле ќе остане на лекување поради респираторна инфекција, соопшти болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.
Пеле (82) беше хоспитализиран во вторникот и е на третман со антибиотици.
„Неговиот одговор беше адекватен, а пациентот е стабилен, со општо подобрување на здравствената состојба“, се наведува во соопштението.
Пеле во четвртокот преку социјалните мрежи им заблагодари на навивачите ширум светот за пораките со поддршка за брзо оздравување.
На трикратниот светски првак со репрезентацијата на Бразил во септември лани му беше отстранет тумор од дебелото црево.