Откако денеска Судскиот совет реагираше дека тие не го изгубиле предметот за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и ја повика Државната комисија за спречување на корупција да докаже дека претставка за Мерко постои, членката на Комисијата, Софка Пејовска Дојчиновска во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека имаат доказ дека истата ја испратиле.
-Не знам како да го искоментирам реагирањето на Судскиот совет. Зошто не сме ги прашале откако сме им ја доставиле претставката, зошто не сме ги прашале дали си ја завршиле работата… Имаме доказ, имаме испратница од пошта дека сме ја пратиле. На прес конференцијата што ја имавме за Мерко ја покажавме испратницата со потпис на Судскиот совет дека е примена. Сме испратиле иницијатива за кривично гонење и до Обвинителството која никаде ја нема во овие 6 месеци, а ни одговараат дека се работи, рече Пејовска Дојчиновска.