Пејачот Димитар Андоновски повикува на сенародниот собир: Имаме должност да ги заштитиме нашите семејства!

by fokus

Битолскиот поп пејач Димитар Андоновски, преку видео порака ја повика јавноста да присуствува на сенародниот собир против предлог законите за родова еднаквост и матична евиденција што ќе се одржи на 29 јуни 2023 во 18 часот пред Соборниот храм ,,Свети Климент Охридски” во Скопје.

-Имаме должност да ја заштитиме нашата вера, да ги заштитиме нашите семејства, а пред се нашите деца, имаме должност да ја заштитиме нашата мајка црква – истакна пејачот во видеото.

Андоновски е познат во јавноста како голем верник, и во претходни интервјуа има раскажувано како Господ му е водител во секој миг од животот. За браќата од Бигорски манастир, за сестрите од Рајчица и за неговиот духовен татко Партениј, раскажуваше дека се вистинско богатство во неговиот живот, и секогаш се трудел да биде добар христијанин и добар човек кој ќе помага на сите.

Изминатиот период тој работи во Голд Фелиција, комплекс во чиј склоп функционираат казино, кабаре, ресторан и хотел, и каде често гостуваат големи балкански музички имиња.

Целта на собирот била на мирен начин граѓаните да го изразат својот револт и незадоволство од предложените законски решенија во предлог законите за родова еднаквост и матична евиденција.

Вики Клинчарова

Поврзани новости