Пејачката Тина Тарнер почина по долго боледување

by Fokus

Незаменливата Тина Тарнер почина на 83 години, по долга  болест. Тажната вест ја соопшти нејзиниот ПР тим. Кралицата на рокенролот зад себе остави безвременски хитови, а животот на оваа дива е неверојатна приказна која не можеше да се случи ниту на филм.

„Тина Тарнер, „кралицата на рокенролот“ почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија“, стои во соопштението.

Таа отсекогаш била препознатлива по своите неверојатно енергични настапи и нејзината голема способност да ја воодушеви публиката на уникатен начин, како што дотогаш не успеала ниту една жена од музичката сцена.

Тина Тарнер е родена во 1939 година во САД. Таа беше една од најпопуларните рок пејачки, позната по настапите во живо и големите хитови како што се: „The Best“, „Proud Mary“, „Private Dancer“ i „What’s Love Got to do With It“.

 

Поврзани новости