Протест во Зрењанин против насилството, побараа затворање на медиумите со лажни вести

by Fokus

Жителите на Зрењанин вечерва по втор пат упатија силна порака дека се  против севкупното насилство во државата и дека сакаат политички промени.

На протестот „Зрењанин против насилството“ беше речено дека Србија е земја на сите  нив и на нивните деца и дека уцените мора да престанат.

На насобраните во „Паркот на бакнежи“ во Зрењанин беа прочитани барањата, меѓу кои е смена на советот на Регулаторното тело за елекѕтонски медиуми (РЕМ), затворање на печатените медиуми и таблоиди со лажни вести и одземање на националните фреквенции од телевизиите. кои ги залудуваат граѓаните.

Барањето е итно укинување на емисиите кои промовираат расизам и неморал на телевизија со национална фреквенција, институционална одговорност и разрешување на министерот за полиција и првиот човек на Националната служба за безбедност (БИА), како и итна седница на Народното собрание на која ќе се разгледува одговорноста на Владата на Србија и безбедносната состојба во земјата.

Поврзани новости