Пехчевски до Ковачевски: Постапете веднаш, за да не биде предоцна за секој еден од нас!

by Fokus

Болните од цистична фиброза ги потсетија надлежните на она што го ветија – лек за сите. Најавите беа дека по изгласувањето на законските измени, лекот „трикафта“ ќе биде достапен за сите. Сепак, вистината е поинаква.

Игор Пехчевски, човекот кој го побара лекот „трикафта“ од болнички кревет денеска го повика премиерот Ковачевски да постапи веднаш, за да не биде предоцна.

„ Она што ние болните од Цистична фиброза го бараме е еднаков, недискриминирачки третман. Право на лек и право на живот. Овозможете ни го лекот `трикафта` кој за мене и за останатите 80 мои соборци со генот делта F508 (F508del) живот значи. Животот ни зависи од лекот. Со недонесување на лекот ни го ускратувате секој миг, секој момент од животот, ни ги усратувате нашите физички активности кои веќе и не сме во можност да ги извршуваме. Секојдневно живееме во страв и неизвесност за нашата иднина. Го потсетувам премиерот кој во неговата изјава кажа дека по изгласувањето на законските измени во Собранието, лекот `трикафта` ќе биде достапен за сите на кои им е потребен. Почитуван премиере, постапете веднаш и сега за да не биде предоцна за секој еден од нас“ напиша Пехчевски на Фејсбук.

Поврзани новости