Малолетници убиле старица (82) за да и ги земат парите од пензијата

by Fokus

Две момчиња, на возраст од 14 и 15 години, се уапсени под сомнение за убиство откако Џој Мидлдич (82) починала по грабеж во нејзиниот дом во Сафолк.

Мидлдич почина во болница откако беше пронајдена на подот од нејзиниот дом минатата сабота. Таа беше пронајдена свесна, но во тешка состојба и беше пренесена во Универзитетската болница „Џејмс Паџет“ во Норфолк, во западна Англија, каде што почина во понеделникот.

Тинејџерите се на распит во полиција.

Мидлдич им рекла на роднините и на полицијата дека слушнала бучава на вратата пред двајца маскирани мажи насилно да влезат внатре и да ја соборат на земја.

Полицијата соопшти дека се верува дека нападот се случил вечерта во петокот и во раните утрински часови во саботата.

Чантата на Мидлдич била украдена и пронајдена на пат. Се сомнева дека тинејџерите упаднале во нејзината куќа за парите од пензијата.

Во понеделникот е извршена обдукција, но причината за смртта се уште не е потврдена.

Семејството на пензионерката изјави дека таа била силна и решителна личност која го сакала животот и своето куче.

Поврзани новости