Членот на шампионската генерација на Црвена ѕвезда која го освои Купот на европските шампиони 1991 година, Синиша Михајловиќ, обелодени дека победничкиот пехар што е изложен на белградскиот стадион „Маракана“ е реплика на оригиналот од Бари.
– Пехарот што го донесовме (во Белград) беше насекаде. Јас го носев во Борово, а Југовиќ го носеше во својот крај. Стоеше кај Биниќ во гепекот на автомобилот. Кога одевме во некој локал, тој ќе го ставеше пехарот на масата и потоа се пиеше. Панчев ќе дојдеше и ќе речеше: Дај ми го пехарот треба да го носам на свадба и Биниќ му го даваше да го носи на свадба во Македонија. Тој пехар беше целиот уништен и мораа да направат нов. Оној од „Маракана“ не е оригиналниот, да знаете, направен е повторно оти оригиналниот беше искршен, изјави актуелниот тренер на италијанскиот прволигаш Болоња за Јутјуб каналот на Црвена ѕвезда.