Заразени наставници испратија во изолација 177 деца од охридско училиште

by Fokus

Во изолација се 177 деца од ООУ Братство Единство од Охрид поради контакт со позитивни професори на корона вирусот.

Директорот на училиштето вели дека во училиштето во целост се спроведуваат протоколите препорачани од комисијата за заразни болести, но поради мал ризик се одлучиле учениците наставата одреден период да ја следат онлајн.

„Станува збор за ученици од предметна настава и тоа шест паралелки од подрачното училиште во Лескајца (по две од шесто, седмо и деветто одделени) и паралелките од шесто, седмо, осмо и деветто одделение од централното училиште, ученици кои следат настава на турски јазик“, вели за Охрид 1 директорот на училиштето, Џамал Мехмед.

Поврзани новости