Во саботата беа извршени над педесет надзори од страна на ДПИ и се затворија пет големи ланци на маркети по Законот за потрошувачи, односно по нечесни трговски практики. Тоа нема да го дозволиме и истото ќе се случи со секој што нема да ги почитува мерките, изјави денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски за непочитувањето на гарантираната цена на основните прехбранбени производи.
Трајковски додаде дека и седум маркети се казнети.
Затворањето е од два до 30 дена. Не е нашата цел да ги затвориме сите маркети во државата, туку целта е сериозно да си пристапат и да не оставаат простор. Да си ги средат работите и да ги почитуваат одлуките. Доколку повторно увидиме нечесни трговски практики, ќе ги затвораме и другите трговски ланци. Петдневно затворање е доволно за овие компании, изјави денес Трајковски.
Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека објекти од маркетите Веро и Вива фреш се затворени поради тоа што не ја почитувале одлуката на Владата за продавање на производи по гарантирана цена.