И покрај мерките за градење доверба и обидот за подобрување на соседските односи, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос продолжува со радикалната реторика за Македонија.
Павлопулос не заборави да го повтори познатиот негов став дека Македонија е и ќе остане грчка, ниту на денешната прослава за ослободувањето на Солун и одбележувањето на денот на светецот заштитник на градот.
-Денот на одбележувањето на светиот спомен на заштитник на Солун, Св. Димитрија е и годишнина од значајниот тек на Солун од една страна во историјата на грчкиот народ и православието. А од друга страна, како арка и буден чувер на грчкиот карактер на Македонија, кој не може да се оспори и за кој не се преговара – изјави претседателот.
Радикалната реторика за Македонија е стандарден дел од говорот на грчкиот претседател на сите настапи во мали градови низ Грција.
Павлопулос неодамна на два наврати отворено поцентираше дека Македонија е грчка и испрати остра порака до македонската влада дека со обид за фалсификување на грчката историја нема да стане дел од ЕУ.