Наумов: Министерството за финансии ме игнорира и крие податоци

by fokus

Дополнителниот министер за финансии Кире Наумов денеска се пожали на опструкции во неговата работа, објаснувајќи дека со Министерството за финансии нема никаков контакт.

-Министерство за финансии продолжува со ист начин на работа како и претходно и во последниот месец, откако сум повторно на функција, немаме никаква соработка- рече Наумов, на средбата со претседателот на Стопанска комора на Сојузот на Северозападна Македонија, Неби Хоџа.

Тој додаде дека ниту еден документ што го побарал од кабинетот на министерот за финансии, Кирил Миноски, не му бил доставен.

– Досега од сите испратени барања до кабинетот на министерот немам повратни информации. Не ми е доставен ниту еден баран документ со печат од Министерство за финансии. Се кријат податоци и информации од Царинската управа, Управата за јавни приходи. Штом кријат, има некаков проблем со стопанството. Ликвидноста е на ниско ниво, повратокот на ДДВ оди лошо – додаде Наумов.

Тој рече дека доколку не ги добие потребните податоци, ќе види кои се законските можности за да дојде до нив, бидејќи, како што рече, овој однос на Министерство за финансии е неоправдан.

Поврзани новости