Минатата влада за поттикнување на рамномерниот регионален развој за 11 години владеење издвои само 17 милиони евра, а ние за само две години финансираме 12 милиони евра за проекти на регионите, општините и селата од типот на локални патишта, пешачки и велосипетски патеки, улично осветлување, уредување на јавни површини, водоводи и канализации, изјави Дејан Павлески, претседател на Комисија за локална самоуправа на СДСМ.
-Претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ го започна помпезниот проект Скопје 2014, каде се потрошија 800 милиони евра. Да завршеа тие 800 милиони евра во развојот на сите региони, сега состојбите ќе беа многу поинакви. Ќе имавме поразвиени градови и села на целата територија, со унапредена инфраструктура, а иселувањето немаше да зафати вака драматични размери – рече Павлески.