Павле Трајанов: Барам одговорност од сите актери во оваа валкана политика

by Фокус

Објавувањето на снимките од разговорите на Мијалков, Латас, Јанкуловска, Стојменов, Котевски, од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев е на пат да предизвика вистинска политичка бура во земјата. Коалициониот партнер во Владата, пратеникот Павле Трајанов, лидер на владејачкиот Демократски сојуз,за Дојче веле не крие дека е згрозен од тоа што го чул и најавува дека ќе бара одговорност.

„Згрозен сум од тоа што го слушнавме. Овие снимки ја покажаа длабочината на хипокризијата во медиумите и власта. Само темелна, независна, јавна и транспарентна истрага може да биде основа за враќање на човечките вредности и доблести. Јавно соопштувам дека барам одговорност од сите актери во оваа нечиста и валкана политика, која ја девалвира државата и ја втурна во хаос“, вели актуелниот пратеник и поранешен министер за внатрешни работи.

Поврзани новости