Утре во Кривичниот суд во Скопје, во 11.15 часот, е закажано второто рочиште од судењето против граѓанскиот активист Павле Богоевски, на кој му се суди за учество во протестите на Шарената револуција. Богоевски, кој е дел и од пратеничката листа на СДСМ, е обвинет за учество во толпа што ќе изврши кривично дело.
На првото рочиште пред судот се собраа граѓани кои му дадоа поддршка, а сега актерката Симона Спировска на својот фејсбук профил повторно ги повика.
„Драги соборки и соборци!
Бавејќи се со листите и збесотилаците на Диме, заборавивме дека едно од клучните барања не ни беше исполнето, а тоа е ДА ЗАПРЕ ПРОГОНОТ И ПРИТИСОЦИТЕ ВРЗ ДЕМОНСТРАНТИТЕ КОИ СЕ ИЗБОРИЈА ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА АБОЛИЦИИТЕ!
За утре е закажано судењето на Пајо!
Второ рочиште, откако првото беше откажано. Утре судот ќе треба да се изјасни дали ќе го прифати обвинението против Пајо, или ќе го отфрли.
Другари утре во 11.15, јас ќе бидам таму, заради сите премолчани ветувања кои си ги дадовме изминативе месеци. До слобода другари“, напиша Спировска на Фејсбук.