696
Засилени инспекциски контроли за почитување на мерките за заштита од ширење на ковид 19, најави директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.
-Ако Владата направи закон што ќе дозволи да казнуваме врз основа на слики и снимки, ние сме тука. Но, нашата надлежност засега е сами да воочиме и да затекнеме нарушување на законските прописи – изјави Пауновски
Тој нагласи дека контролите ќе продолжат интензивно и за Нова година.
-Инспекторите се на терен седум дена во неделата, а има инспектори кои и по 12 или 14 часа се на терен. Толку имаме луѓе, сите се ангажирани – истакна Пауновски.