Заев: Правиме напори предлогот на опозицијата за пописот да биде прифатен

by Фокус

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се прават напори предлозите на опозицијата за Законот за попис да бидат прифатени.

-Цела оваа година и половина од кога разговараме за пописот, опозицијата е вклучена. Имаше работни групи, и од власта и од опозицијата, директорот на Државниот завод за статистика одржа неколку состаноци – рече Заев за време на посетата во Тетово.

Тој појасни дека има три категории попишување – едниот дел се вкупно граѓаните, вториот дел се граѓани резиденти (сите граѓани што живеат во земјата) и третата група се граѓани кои се иселени на подолг период од една година. Тоа, според него, ја прави беспредметна и ирационална дебатата за етничка припадност или колкави се процентите и слично.

– Опозицијата даде нов предлог да користиме отпечаток од прст. Јас не знам како ќе го користат отпечатокот граѓаните што се иселени по една година. Правиме напори. Министерот за правда веднаш стапи во контакт со донатори да видиме дали може да обезбедиме донации, имаме амбасади кои располагаат со преку 20 милиони евра поддршка за изборите во државата, па замолуваме да одвојат пет милиони евра, па да купиме пет илјади отпечатоци кои ги користиме за изборите ама еве ќе помогнат и за пописот – изјави Заев.

Поврзани новости