Пациентка нападнала вработен во битолскиот Центар за зависници од дрога

by Фокус

Вработен во Центарот за зависници од дрога во Битола со иницијали Д.Х.(28) пријавил во битолската полиција дека додека бил на своето работно место бил нападнат од Ј.П., пациентка во центарот.

Според Министерството за внатрешни работи, таа барала поголемо количество на метадон од дозволеното, по што физички го нападнала Д.Х.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости