ФИТР: Еленица не е дел од Пауер, во тек е ревизија на користењето на средствата

by Фокус

Фирмата „Еленица Струмица“ не директен или каков било друг дел од сопственичка структура на корисник на средства по било која основа, реагираат од Фондот за иновации и технолошки развој, откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека струмичката компанија „Еленица“ порано била косопственик на „Пауер АД“, која добила грант од 220.000 евра за проект „Иновативен начин на рекламирање, моделот предвидува заработка и за возачите и за оние кои што се рекламираат“.

„Компанијата „Пауер АД“, во конкуренција над 10.000 апликации, беше избрана во топ 50 напредни стартап бизниси во светот од страна на Светскиот инвестициски форум кој се одржа во Истанбул, Турција. Тоа меѓународно признание дополнително потврдува дека оваа компанија е еден од стартапите со најголем потенцијал за пораст во 2019 година“, стои во реакцијата на ФИТР.

Од таму додаваат дека одлуката за финансирање на компанијата „Пауер АД“ е донесена во декември 2018 година, заедно со уште 60-тина други компании, а 2 месеци предходно (октомври) побарана и доставена е и изјава за сопственичка структура.

„Во тек е ревизија на користењето на средствата од Фондот кај компанијата „Пауер АД“, што е дел од редовниот процес на мониторинг. Истиот го вршат две странски реномирани ревизорски куќи – „Дилојт“ и „Грант Торнтон“. Зависно од наодите од ревизијата, ќе се донесе одлука за продолжување на финансирањето на проектот“, велат од Фондот.

Од таму нагласуваат дека Фондот во изминатите 24 месеци обезбедил поддршка од Владата и Светската банка за над 300 домашни компании со преку 15.000 вработени.

Поврзани новости