621
Вработен во Центарот за зависници од дрога во Битола со иницијали Д.Х.(28) пријавил во битолската полиција дека додека бил на своето работно место бил нападнат од Ј.П., пациентка во центарот.
Според Министерството за внатрешни работи, таа барала поголемо количество на метадон од дозволеното, по што физички го нападнала Д.Х.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.