Концертниот караван на кој учествуваат повеќе познати музички имиња од земјава, како дел од проектот ,,Македонијо, во срце те носиме”, ќе започне на шести септември со концерт во Штип.
Како што најавува организаторот, Скендеровски Продукција, по Штип ќе следат концерти во Битола на 13-ти септември, во Велес на 20-ти септември, во Прилеп на 27-ми септември, во Кочани на први октомври, во Тетово на 4-ти октомври, во Скопје на 11-ти октомври, и во Кавадарци, за каде точниот датум дополнително ќе биде соопштен.
Пејачите Сузана Спасовска, Наум Петрески, Бојана, Зуица Лазова, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Андријана Јаневска и други се дел од овој проект, со цел да им се доближат старите македонски и патриотски песни на помладите генерации. Тие снимија 12 познати македонски песни со нов аранжман во склоп на проектот, а за истите беа изработени и видео записи.
В.К.