Патот за Танушевци е завеан од снег и тешко прооден

by fokus

Патот за селото Танушевци на Скопска Црна Гора е тешко прооден поради големи наноси од снег, соопшти попладнево Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози, а на повисоките места во западните и во североисточните делови од земјава на места има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на планинскиот превој Плетвар.

Поврзани новости