Џафери на прием кај кралот на Шведска со подарок охридска резба

by fokus 16:53
16:53

Согласно Програмата на официјалната посета, реализирана е Аудиенција кај Кралот на Шведска, Неговото Височество Карл XVI Густаф, за претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, информираат од Собранието. Во оваа пригода, додаваат од таму, беа разменети видувања за актуелните состојби на политички и општествен план од билатерален и мултилатерален карактер.

„Во текот на спонтаните разговори, Н.В. Кралот на Шведска, се осврна на убавите спомени од неговата посета во Република Македонија во 1997 г., кога бил во посета на шведските војници во составот на Нордискиот баталјон на UNPREDEP, при што имал прилика да го посети Охрид. Претседателот на Собранието на Република Македонија, Џафери, заблагодарувајќи се на овозможениот прием во Кралската палата, го покани Кралот на Шведска да ја посети повторно Република Македонија во текот на 2018 година, во период кој што е најсоодветен и прифатлив за Неговото Височество“, соопштија од Собранието.

- Advertisements -

Џафери, додаваат од таму, на шведскиот крал во име на Собранието му подарил длабока охридска резба со флорални мотиви која била изложена во Кралската палата.

 

Поврзани новости