463
48-годишниот Н.А. од скопското село Студеничани пријавил вчера вечерта во полициската станица Кисела Вода дека истиот ден околу 17,30 часот на булевар „Борис Трајковски“, додека се возел во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) со бр.67, физички бил нападнат од страна на контролор на ЈСП, З.Г.(54) од село Орешани, скопско.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.