Еден од патниците во автобусот, кој доцна попладнево се преврте во канал на автопатот „Тракија“ во Бугарија, за „bTV“ изјавил дека во автобусот патувале 36 деца и 13 возрасни.
Според сведокот Наташа Радовановиќ, несреќата се случила откако таткото на едно од децата побарал да седне напред, на седиштето покрај возачот на автобусот, бидејќи не се чувствувал добро.
Во тој момент вниманието на возачот било одвлечено, тој го свртел воланот надесно и автобусот излетал од патот.
Автопатските ленти биле влажни, бидејќи непосредно пред несреќата во тој дел врнел силен дожд, пренесуваат бугарските медиуми.
-Еден од родителите во автобусот сакаше да седне на предното седиште до возачот. Се сврте да го отвори седиштето и така се заврте воланот“ – ги пренесува „Нова.бг“ зборовите на Радовановиќ.