Автобуска несреќа во Бугарија: Седумнаесет деца се повредени, 3 со тешки повреди

by Фокус 21:56
21:56

Седумнаесет повредени деца се примени вечерва во болницата во Стара Загора, меѓу кои три се со тешки повреди.

Најмладиот е на возраст од шест години, најстариот е на 17-годишна вораст.

Тоа е најновиот биланс поведени откако автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија излета од автопатот Тракија во Бугарија и се преврте во ендек.

-Три деца се потешко повредени и во нашата болница е хоспирализиран и маж со тешки повреди на ногата, изјави директорот на болницата – Јовчо Јовчев.

Нема загинати во сообраќајната несреќа.

-Има четворица тешко повредени, но не се во животна опасност – изјави в.д. министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во врска со состојбата на настраданите во автобуската несреќа што се случи околу 20.10 по локално време во близина на Стара Загора, додавајќи:

„Причините за несреќата се расчистуваат, но нема надворешни причини“.

Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар. Патувале од Несебар и се членови на фолклорниот ансамбл ЈУ-ЛИРА од Србија. Повеќето се од Батајница.

По наредба на главниот обвинител Иван Гешев, екипа истражители од Националната истражна служба се упати кон местото на сообраќајната несреќа кај Стара Загора.

Поврзани новости