ПАСОК: Ако Сириза и Независни Грци немаат единствен став кон спорот за името, треба да одиме на избори

by Фокус

Ако коалицискиот партнер во грчката влада предводена од Сириза на Алексис Ципрас – Независни Грци, не гласа за договорот за името на северниот сосед, Грција треба да оди на избори, вели портпаролот на ПАСОК, Павлос Христидис.

-Земјата има влада на Сириза и Независни Грци, не може кога и одговара да е само Сириза, а кога не и одговара да е Сириза и Независни Грци. Ако не гласаат Независни Грци, земјата треба да оди на избори – рече портпаролот на ПАСОК.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Христидис, освен што упати критики до актуелната грчка коалициона влада во однос на тоа дека нема единствена позиција во разговорите за името, ги повтори и позициите на неговата партија.

-Сакаме искоренување на иредентизмот, промена на Уставот, да нема фалсификување на историјата, да постои единствена позиција, да нема поделба на решението на делови и ова да дојде во парламентот, а таму ќе ги изнесеме нашите ставови, кога од владата ќе добиеме заеднички предлог – рече тој.

 

Поврзани новости