421
Непознат сторител вчера во 18 часот на улицата „Ордан Николов“ во Битола извршил разбојништво на аптека.
Притоа, тој со закана со пиштол од вработените одзел 80 шишенца (по 10мл) „метадон“, околу 2.000 денари, мобилен и фиксен телефон.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.