Парцели од Дебар маало пред Уставниот суд?

by Фокус

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и невладиниот сектор ќе поднесат претставка до Уставниот Суд за оценување на уставноста и законитоста на противуставно присвоените парцели во општина Центар, поконкретно во Дебар маало.

Владата, според иницијаторите, општина Центар и „Плоштад Слобода“, противуставно прогласи четири градежни парцели за земјишта од посебен интерес без при тоа да се знае што е тоа посебен интерес и како приватното профитирање е посебен интерес?

“Се знае што значи јавен интерес, тоа можат да бидат факултети, градинки, образовни институции, но не може хотелски комплекси, станови и резиденцијални објекти да бидат објекти од посебен интерес. Бараме и законот прецизно да дефинира што е тоа ‘посебен интерес’“, рече Жерновски.

Поврзани новости