Партиските лидери вечерва преговараат за конечен договор

by Фокус

Попладнево во Клубот на пратениците започна средба помеѓу лидерите на најголемите политички партии: Никола Груевски, Али Ахмети и Зоран Заев . Тие разговараат за отворните прашања од Договорот од Пржино. На средбата не присустува претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Се очекува вечерва да се постигне конечен договор за законот за влада, односно за новите министри и заменици-министри кои треба да влезат во Владата, како и за законите за необјавување на таканаречените бомби и за свиркачите.

На средбата на партиските лидери присустуваат и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, како и олеснувачот во преговорите, белгискиот експерт Питер Ванхауте.

Поврзани новости