Партијата за движење на Турците го поддржа Пендаровски

by fokus

Партијата за движење на Турците – ТХП на Централното собрание едноглсно го поддржа претседателскиот кандидат на СДСМ и актуелен претседател, Стево Пендаровски.

-Сметаме дека во изминативе пет години Пендаровски со својата чесност, транспарентност и посветеност успеа да го врати разнишаниот интегритет на институцијата Претседател. За време на целиот мандат на Пендаровски имавме одлична комуникација и соработка за подобрување на положбата на турската заедница како и за политиките кои беа во интерес на државата, односно патот кон стратешките цели. Веруваме дека соработката ќе продолжи со поголема динамика и во вториот мандат на Пендаровски, соопшти партијата.

По состанокот, ЦС на ТХП имаше и средба со претседателот Пендаровски, на која се разговараше околу програмските цели на ТХП и интегрирање на истите во програмата на идниот мандат.

-Особено не’ радува што нашиот предлог за да се оформи Совет за заедници, кое ќе биде советодавно тело во рамките на кабинетот на Претседателот и ќе ги следи состојбите на етничките заедници како и ќе дава препораки за да се унапредат правата на заедниците е прифатен од страна на Пендаровски и очекуваме тоа да се реализира веќе во првите 100 дена од вториот мандат.

Претседателот Пендаровски го почитува мултикултурниот и мултиетничкиот карактер на нашето општество и со своите ставови и постапки во континуитет покажа дека е претседател на сите граѓани на нашата земја. Силно веруваме дека Пендаровски е вистинскиот избор, кој успешно ќе продолжи да се справи со сите предизвици кои ни претстојат на патот кон стратешките цели, додаваат од партијата.

Поврзани новости