1.1K
По вчерашното објавување на Законот за јазици и уставните измени во Службен весник, со реакција се произнесе и партијата на Ванчо Шехтански, ТМОРО.
Според нив, потпишување на Законот за јазици и уставните измени претставува државен удар.
„За ТМРО, потпишувањето на Законот за јазици и уставните измени од неовластено лице и нивното објавување во службен весник претставува државен удар, со кој е нарушен територијалниот интегритет и уставниот поредок на македонската држава .
Македонскиот народ очекува итна реакција од претседателот на македонската држава“, велат од ТМОРО.