465
ТМРО очекува Петре Шилегов да постапи по одлуката од февруари 2016, која Коце Трајановски нескаше да ја спроведе и веднаш да го отстрани споменикот на УЧК, кој е дивоградба во Чаир и кој градските власти мора да го отстранат со оглед да Општина Чаир нема донесено таква поединечна одлука, бараат од партијата на Ванчо Шехтански.
„Второто прашање е зошто претходната власт не ги легализираше спомениците во централното подрачје, иако ако сакаше тоа во секое време можеше да го стори. Ваквиот политички спин, личи на свесно давање алиби на сегашната номенклатура да ги отстрани сите нелегални градби, Ќосето, Филип, Александар,кои случајно се и дел од пакетот Грчки барања- истакна Шехтански.