Партијата на Стевчо Јакимовски влегува во власта!

by Фокус

Премиерот Никола Груевски денеска ја достави листата за вториот владин ешалон. Најголемата новина е тоа што партијата на Стевчо Јакимовски влегува во владината коалиција – нов заменик министер за локална самоуправа ќе биде Љупчо Пренџов од ГРОМ.

Останатите решенија се веќе познати. Зоран Петров од Демократскиот сојуз ја напушта заменичката функција во ресорот за надворешни работи, а на негово место доаѓа неговата сопартијка Драгана Кипријановска. Нов заменик министер за одбрана е бившиот пратеник на ДУИ, Арбен Лабуништа, а досегашниот министер за образование Спиро Ристовски му ја препушти фотелјата на Абдулаќим Адеми, но останува во ресорот како негов заменик.

Поранешниот министер за одбрана и досегашен втор човек во министерството за земјоделство, Зоран Коњановски целосно се збогува од извршната власт. Негов наследник е поранешниот директор на Централниот регистар, Ванчо Костадиновски кој седнува на земничкото место во земјоделство.

Именувањата се очекува да се случат на собраниската седница закажана за 10 јули, во четврток.

Поврзани новости