433
-Излез од политичката криза преку прифаќање на волјата на најголемиот број граѓани на Македонија и формирање на реформска Влада од страна на мандатарот, кој обезбеди 67 мандати. Ова се заклучоците од редовната седница на претседателството на партијата на Љубе Бошкоски, Обединети за Македонија.
-Обединети за Македонија како партија, со јасна вмровска идеологија ги повикува своите браќа и сестри вмровци на разбирање на сериозноста на ситуацијата, да дадат поддршка на демократските процеси- порачаа од партијата.