Партија на пензионерите: Зошто Владата на ДПМНЕ немаше предвидено пари во Буџетот за покачување на пензиите?

by fokus 21:56
21:56

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија преку соопштение праша зошто Владата на ВМРО-ДПМНЕ не предвидела средства за покачување на пензиите во основниот Буџет за 2017 година.

-ВМРО-ДПМНЕ, во недостиг на реални политики кои се во интерес на пензионерите и за да го прикрие стравот на својата врхушка од сосема извесниот пораз на претстојните локални избори, очајно и упорно се обидува, со манипулации, невистини и лажни иницијативи и предлози, повторно да ги прелаже пензионерите. ВМРО-ДПМНЕ, која на пензионерите со години им го одзема законското право за усогласување на пензиите со порастот на трошоците за живот и растот на платите и која на поголемиот број од нив им кратеше од пензиите, сега нема никакво право да глуми заштитник на пензионерите. Наместо лажни понуди на пензионерите, наменети за манипулирање со нивните гласови во пресрет на изборите, врхушката на ВМРО-ДПМНЕ нека објасни зошто и како настанаа огромните долгови на Фондот за ПИОМ, зошто наводните покачувања секогаш ги планираа за крај на тековна година или вкупно 650 денари, како и зошто Владата под нивно водство не предвидела средства за покачување на пензиите во основниот Буџет за 2017 година, се вели во соопштението.

- Advertising -

Од партијата ја фалат новата Влада на СДСМ дека обезбедувала долгорочна сигурност во исплатата на пензиите како и нивно редовно усогласување два пати во годината, со што во просек за цела 2017 година секој пензионер ќе добие по 2160 денари.

 

Поврзани новости