Перо Антиќ се врати во Црвена Звезда

by fokus

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ направи трансфер во Црвена Звезда и го напушти актуелниот европски првак Фенербахче.

Ова е враќање на Антиќ во клубот во кој играше пред десет години, односно од 2005 до 2007 година.

На сајотот на Црвена Звезда беше потврдено дека првиот македонски кошаркар кој играл во НБА лигата, потпишал едногодишен договор со српскиот шампион.

Поврзани новости