Партиите во Бугарија не можат да се договорат за претседател на Парламентот

by Fokus

Бугарските пратеници од 49. Народно собрание на првиот работен ден не успеаја да изберат претседател на Парламентот, поради што, првата седница ќе продолжи утре.

Слична беше ситуацијата и на почетокот на 48. Народно собрание, кога, исто така во првиот работен ден не беше избран претседавач. Тогаш првата првата седница траеше три дена, по што со консензус беше избран Вежди Рашидов од ГЕРБ-СДС, потсетува БТА.

Денеска за функцијата имаше две кандидатури – на Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС и Петар Петров од „Преродба“, но и двете номинации не успеаја да го соберат потребниот број гласови на јавното гласање со компјутеризираниот систем на парламентот. „Преродба“ добија поддршка само од нивните колеги од групата (37 пратеници), 88 беа „против“, а 39 воздржани. За номинацијата на ГЕРБ-СДС гласаа 79 пратеници, „против“ беа осуммина, а 144 пратеници беа воздржани.

Потоа копретседателот на „Продолжуваме со промената“ Асен Василев предложи на секои два месеци пратениците да носат одлуки за избор на претседател на Собранието и претседател на Правната комисија на ротационен систем од двете главни политичките сили во Народното собрание.

Следуваше пауза и средба на претставници на пратеничките групи, која заврши без конкретен резултат, посочува БТА.

МИА

Поврзани новости