346
Утре истекува рокот во кој политичките партии треба да ги достават финансиските извештаи за потрошените пари во првите 10 дена од изборната кампања.
„Учесникот во изборната кампања е должен 11-тиот ден од денот на изборната кампања да поднесе финансиски извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на жиро – сметката за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на десеттиот ден од изборната кампања“, се вели во Член 84-Б од Изборниот законик.