435
Работните групи на четирите најголеми политички партии денеска разговараат за изборот на специјален обвинител кој треба да работи на случајот Прислушување.
Како што најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најверојатно ќе се менува постоечкиот закон за јавно обвинителство. Тој вчера од Тетово рече дека очекува дека законските измени би можеле да се најдат во Сoбрание веќе од понеделник.
Во анексот на договорот од Пржино, пишува дека специјалниот обвинител ќе се избере до 15-ти септември со согласност на четирите политички партии. Разговорите на партиите се затворени за јавноста.