Работната група за спороведување на договорот од Пржино денеска разговараше и за Рамковниот договор, односно за неговата целосна имплементација. Дел од овие разговори беше и холандскиот дипломат Питер Фејт.
Тој пред претставниците на четирите најголеми македонски политички партии ја претставил својата сè уште не завршена анализа околу имплементацијата на овој документ, која требаше да биде завршена во 2005 година.
-Имавме добра средба. Утре ќе ве информираме подетално, па затоа би ве замолил да имате трпение. Утре ќе ве информира вицепремиерот Џафери, па за тоа да почекаме до утре, изјави по средбата Питер Фејт.
Крајната анализа ќе биде објавена на поширока меѓународна конференција во ноември, а во зависност од препораките, Владата ќе донесе заклучоци во декември оваа година.