Јанева го прочитала писмото од специјалците за „Дива населба“

by Фокус

Специјалната обвинителка Катица Јанева го добила писмото напишано од специјалцијалци кои учествувале во акцијата за разбивање на терористичката група во „Дива населба“ во Куманово. Во писмото, специјалците кои сакаат да останат анонимни, побарале од Јанева специјалното обвинителство како прв случај да ја испита кумановската акција.

Иако провладините медуми пишуваа дека вакво писмо воопшто и не постои, специјалната обвинителка за 24 Вести изјавила дека го прочитала писмото. Таа не дала одговор дали ќе го преземе овој случај.

Инаку, вчера заврши испрашувањето на приведените во акцијата во Куманово, но од Обвинителството велат дека се уште се прибирале докази, по што ќе следела одлука за понатамошно делување.

Поврзани новости