Политичките партии утре треба да го потпишат Кодексот за фер и демократски избори, за што денеска ДИК им испрати повик.
-Согласно одредбите на Изборниот законик, политичките партии учесници во изборите потпишуваат Кодекс за фер и демократски избори. Потпишувањето на овој Кодекс оваа година за прв пат е во организација на Државната изборна комисија. За таа цел, ги повикуваме претседателите на политичките партии кои ги предводат коалициите учесници на изборите, како и претседателите на политичките партии кои самостојно учествуваат на изборите, со своето лично присуство и потпис да ја реафирмира заложбата на своите коалиции и партии за фер и демократски избор, се вели во повикот од ДИК.
На потпишувањето на Кодексот ќе присуствуваат и претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија.