Телма: Вонредна проверка на кандидатите за претседател на Кривичен и Врховен

by fokus 17:05
17:05

Судскиот совет на затворена седница се очекува да донесе одлука кандидатите на претседател на најголемите судови во државата Кривичниот и Врховниот да поминат вонредна проверка на квалитетите и условите кои треба да ги исполнат за да седнат на првото столче во судовите кои одлучуваат за предмети од организиран криминал и предметите на Специјалното обвинителство, објави телевизија Телма. Тема на дискусија ќе бидат и последните случувања во Кривичниот суд, кривичните пријави меѓу судиите, писмото против Панчевски. Советот нема да расправа за инцидентот на судската администрација.

Панчевски, Џолев, Туфегџиќ, Неделкова, кандидатите за претседател на Кривичниот и Врховниот суд ќе одат на вонредно оценување и проверка на нивната работа која ќе ја прави Судскиот совет. Оваа одлука се очекува да биде изгласана на седница во среда на затворена седница за јавноста.

- Advertisements -

Вонредното испитување на работата на судиите го предвидува Законот за судски совет, а проверката ќе ги опфати  кандидатите за претседатели на Кривичниот, Врховниот и судовите во Тетово и Штип. Седницата ќе биде затворена за јавност бидејќи самото оценување на судии не се врши јавно. Зад затворени врати членовите на судскиот совет ќе дискутираат и за состојбите во Основниот суд еден во Скопје. Повод за оваква невообичаена точна на дневен ред се кривичната пријава и контра кривичната на судијата Иван Џолев и неговиот шеф Владимир Панчевски.

Поврзани новости