Партиите ќе се концентрираат на билатерални средби

by Фокус

Олеснувачот на преговорите за спроведување на Договор од Пржино, Питер Ванхојте, денеска соопшти дека средба на работната група составена од претставници на четирите партии нема да има додека не се постигне договор на билатералните средби. Целта е да се решат двете клучни прашања, односно изборот на преостанатите јавни обвинители во Специјалното обвинителство и именувањето на министри и заменици министри во Владата.

-Откако ќе се постигне договор, ќе се свика средба со работна група која официјално ќе ги одобри одлуките кои се донесени за време на билатералните средби. Треба да се избегне какво било одложување на спроведувањето на Договорот од Пржино, рече Ванхојте.

Тој порача дека во интерес на сите граѓани на Македонија е да се продолжи со имплементација на прашањата опфатени во договорот, со цел да не се загрози интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ.

Поврзани новости