Партиите ќе побараат Советот на јавни обивнители во понеделник да го изгласа тимот на Јанева

by Фокус

Претставниците на политичките партии синоќа се договориле писмено да побараат Советот за јавни обвинители да ги изгласа и преостанатите обвинители, кои беа предлози на Катица Јанева за членови на специјалното јавно обвинителство.

Притоа, информираат за Фокус извори вклучени во преговорите, писмото со нивни потписи прво ќе оди до министерот за правда, во случајов Аднан Јашари, кој потоа ќе го препрати до Советот на јавни обвинители, така што се очекува во понеделник наутро да биде избран целокупниот тим на Јанева и сите да положат заклетва.

 

Исто така, министерот Јашари ќе има уште една задача – да испрати писмо и до Уставниот суд за оценување на уставноста на законот за специјален обвинител, формирано за испитување на пруслушувањето и делата што произлегуваат од него, што треба да се случи во најкус рок, дотолку повеќе што владата веќе има испратено писмо до судот со позитивно мислење за законот.

По ова, следно на дневен ред во преговорите, како што дознаваме неофицијално, е допрецизирање на Изборниот законик, пред се во делот за финансирање на предизборната кампања на партиите, можноста да се испитува имотна состојба на чудни донации, како и рекламирањето на медиумите.

Што се однесување до финансирањето на кампањите, засега договорот тоа да се ограничи на 110 денари по жител, норма која досега не ја постигнале најголемите партии, со оглед дена ВМРО-ДПМНЕ на последните избори потрошила по 47 денари од жител, додека СДСМ само 6, меѓутоа меѓународната заедница на маса го ставила предлогот финансирањето да биде до 25 денари по жител

Воедно, треба да се уреди рекламирањето во медиумите, кое на последните избори беше уредено со можност партиите да се рекламираат во 8 од 12 минути, можност што владејачката партија во најголем дел од електронските медиуми ја користеше до максимум.

На крајот, партиски извори брифираат дека треба да има можност да се испитува имотната состојба на донатори на политичките партии, како на пример, работници, земјоделци, стечајци и слично, кои на претходните изборни циклуси донираа по 1.000 евра во кампањата.

Дури потоа може да се премине на изборот на персоналните решенија за новата влада, во која опозицијата ќе влезе со министерски места во ресорите внатрешни работи и труд и социјала, како и со заменици-министри со право на вето во министерството за финансии, за земјоделство и за информатичко општество и администрација.

Поврзани новости