Мијалков ја потврди случката на белградскиот аеродром: Не ја проверив торбата пред да тргнам на пат

by Фокус

Екс директорот на македонската тајна полиција, Сашо Мијаков, ја потврди случката на белградскиот аеродром каде, како што синоќа објави Фокус, бил приведен веднаш по слетувањето откако во куферот му бил пронајден пиштол.

Во изјава за Прес 24, Мијалков вели дека при тргнување на пат земал торба која не ја проверил, па пиштолот бил откриен на ренген на белградскиот аеродром, но, сепак, дал кратко образложение и го продолжил патувањето. Пиштолот му бил задржан од властите.

Инаку, тој додава дека станува збор за приватен пиштол, кој го поседува со дозвола, а не за службено оружје од МВР, односно дека истото е раздолжено по завршувањето на функцијата директор на УБК.

Како и да е, се поставува прашањето како успеал да ја помине аеродромската контрола во Скопје, од каде полетал за Белград?

Поврзани новости