Партиите ги предложија членовите за ад-хок телото за медиуми

by fokus

Љубомир Костовски и Горан Трпеноски се предлози на СДСМ за членови на ад хок телото, информираат од СДСМ, за „Мета“.

СДСМ јавно ги повика сите професионалци во сферата на медиумите и граѓанските организации, поединци и здруженија, самите да се кандидираат или да кандидираат некој друг за кого сметаат дека е соодветен да ја извршува функцијата во телото за надзор на медиумите.

ВМРО-ДПМНЕ ги предложи Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов за членови во ад- хок телото на Советот за радиодифузија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата нагласуваат дека станува збор за долгогодишни новинари, уредници, дописници кои со својата работа дале значаен придонес во медиумите.

Со консензус треба да биде избран петтиот член. Според договорот, еден член од ова тело задолжително треба да биде Албанец.

Поврзани новости