515
Спорните 176 илјади гласачи кои се најчесто иселеници, ќе бидат преместени на посебен список со ѕвездичка, додека пак 42-те илјади кои не беа најдени во ниту една база дополнително ќе се проверуваат.
Ова е епилогот од четиричасовната средба меѓу претставниците на партиите потписници на Пржинскиот договор.
Преговорите продолжуваат и за медиумските реформи, во чиј фокус се статусот на македонската телевизија и изборот на членови на агенцијата за медиуми.
На средбата присуствуваа и евроамбасадорот Аиво Орав и американскиот амбасадор Џес Бејли, а преговорите продолжуваат и утре.