Данците денеска гласаат на парламентарни избори со неизвесен исход бидејќи опстанокот на социјалдемократската премиерка во заминување Мете Фредериксен, која се соочува со коалиција на десницата и екстремната десница, може да зависи од помала центристичка партија.
Избирачките места се отворени од 08:00 до 20:00 часот, додека првите резултати се очекуваат околу 21:30 часот, пренесе Бета.
Според последните анкети, блокот на премиерката би можел да освои меѓу 47,1 и 49,1 отсто од гласовите, додека коалицијата на либерални и конзервативни партии со три популистички формации би можела да освои меѓу 40,9 и 43,6 отсто од гласовите.
Се претпоставува дека ниту еден блок нема да може да владее без центристичката партија Умерени, основана од поранешниот либерален премиер Ларс Расмусен. Таа партија би можела да освои околу десет отсто од гласовите.
Излезноста на изборите во Данска традиционално е висока. На изборите во 2019 година на гласање излегоа 84,6 отсто од гласачите од околу 4,2 милиони граѓани со право на глас.